fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Живеете во град, а имате нива на село – дали се исплати да произведувате храна за себе?

Што доколку се работи за некоја локација која е далеку?

Се соочуваме со инфлација, а на светот му се заканува криза со храна поради војната во Украина, и затоа ги прашавме земјоделците дали доколку имаме парцела на село, се исплати да произведуваме храна за свои потреби со оглед на фактот дека и горивата и ѓубривата се скапи.

Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион вели дека доколку некој поседува нива, блиску до местото на живеење, и тоа не бара поголеми трошоци за транспорт, може да произведува храна за свои потреби. Тој како земјоделец објаснува дека зеленчукот не е скап на пазарите, затоа што и производствената цена е висока, но од друга страна и потрошувачите не се со некоја завидна финансиска состојба.

„Храна за свои потреби луѓето можат да си произведат, но треба да имаат  познавања за тоа како се работи во земјоделството, затоа што има многу штетници, кои треба навреме да ги препознаат и да ги заштитат насадите. Ако имаат површина во двор, или некоја нива, можат да произведат храна, но колку, како, што, зависи од повеќе фактори. Доколку се работи за некоја локација која е далеку, можно е да направат повеќе трошоци отколку да имаат бенефит“, вели Велков.

Весна Севдинска, агроном од Берово објаснува дека денес со овие трошоци не се исплати од градот да одите во некое беровско село и да садите било што.  Посебно нагласува дека оваа година е тешка за земјоделците затоа што цените на ѓубривата многу поскапеа.

„Ако имате некоја градина во двор, е во ред, но да одите од град во село, тоа не се исплати, затоа што горивото е скапо, хемиската заштита исто, семињата се скапи. Земјоделството си бара и знаење, и треба секој ден да се работи на нива, а ако одите само за викенд, така не се одгледува ниту домат, ниту пипер, ниту овошје. Земјоделецот една семка ја плаќа 5 денари, а каде се другите трошоци? За граѓаните со мали плати и пензии е скапо да дадат 100 денари за домати на пример, и тоа се две спротивставености, но тоа е веќе друга тема “, објаснува Севдинска.

Од земјоделската аптека „Агро заштита“ од Струмица велат дека во нивниот крај има луѓе кои се во средни години или се пензионери, и патуваат или преку лето престојуваат во своите викендици или куќи во блиските села, лоцирани на 3 или 5 километри од градот каде садат пипер, домати и други култури за свои потреби.https://faktor.mk/skapo-gorivo-i-gjubriva-ziveete-vo-grad-a-imate-parcela-na-selo—dali-se-isplati-da-proizveduvate-hrana-za-sebe

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close