
Фатени возачи кои по селата возеле без возачка дозвола
По насока на обвинител возилата се одземени
На 12.02.2026 во 20:45 часот на патот с.Добрушево-с.Новаци-с.Бач-с.Добромири, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.М.(28) од с.Долно Агларци, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со битолски регистарски ознаки, управувано од И.М., при што е констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. По насока на обвинител возилото е одземено, а по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 12.02.2026 во 11:00 часот на ул.„Филип Втори“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ж.Н.(52) од с.Кривогаштани. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „даеву” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н., при што е констатирано било дека го управувал возилото и покрај тоа што бил под мерка – забрана за управување моторно возило од Б категорија. По насока на обвинител, возилото е одземено и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.




