вестиСоветиТоп вести

Фрезија во саксија- се сади во есен за опоен мирис во пролет

 

Дознајте  кога е најдобро време да се засади фрезија, како  се сади во саксија и како да се негува ова растение во текот на целата година.

Фрезиите се раскошни и нежни егзотични растенија од другата страна на планетата – тие растат во дивината во Јужна Африка, па затоа се мисли  дека н е е лесно да се одгледуваат  на наши простори, што воопшто не е точно.

Имено, луковиците од ова растение  професионално се подготвуваат преку режимот на топлина, со цел да се доведе растението во состојба на мирување. Овој третман трае приближно 12 недели на температура од 30 степени. Идејата зад тоа е да се имитираат условите во Јужна Африка. За време на жешкото лето, тие влегуваат во состојба на мирување и само кога започнува топла и влажна есен, тие почнуваат да растат. После тоа, тие имаат сезона на ладење во текот на зимата, што предизвикува формирање на цветни пупки.

Садење фрезија

Фрезијата бара добро исцедена почва, а и одговара сончева положба евентуална блага сенка. Ако почвата е сиромашна со хранливи материи, не заборавајте да додадете органско ѓубриво.

Можете да засадите 6 луковици во сад со дијаметар од 30 см.

Можете да ги садите од септември до декември за да цвета од февруари до април.

Фрезија претпочита богат компост, со мал додаток на песок или ситен чакал на дното на дренажниот сад. Земете околу две третини од компостот и една третина од песок / чакал.

Нега на фрезија

Најважно е редовно наводнување. Почвата треба да биде влажна, но не и презаситена со вода. Садот не заборавајте да го држите под сенка постојано. Кога луковиците ќе започнат да ‘ртат, поместете го садот на место каде што има многу сончева светлина и продолжете со наводнување.

Ако се засадени во добра почва или компост, нема да им треба ѓубрење.

Неопходно е да се обезбеди поддршка, за  лисјата и цветните стебленца  да се исправени додека растат.

Фрезијата може да порасне до 70 см (во зависност од видот), а цветањето започнува околу 100-120 дена по садењето. Прекрасни ѕвонести цветови, прекрасни бои и интензивен мирис ќе го наградат вашиот труд околу ова растение.

Можете да ги отстраните исушените цветови за да изгледа растението уредно, но мора да ги оставите лисјата да венеат природно.

По прецветувањето , можете да ги отстраните луковицте и да ги чувате на суво и ладно место до пролет. Можете да ги засадите повторно, сега директно во градината, кога почвата ќе се загрее, односно на крајот на април, или да ги зачувате за садење во саксија на есен.

Извор: Агромедиа

Слични написи

Back to top button
Close