Годинава ќе ни недостигаат 60.000 тони пченица, треба да ги најдеме од увоз
Претседателoт на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, Петре Стојкоски, вели дека Македонија има услови за поголемо производство на пченица и дека за неколку години можеме да станеме независни во однос на овој стратешки производ
Пченицата е речиси ожнеана, но таа не е доволна за да ги задоволи потребите на државата. Според проценката на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, до крајот на жетвтата се очекува до 250.000 тони пченица, односно нешто помалку од лани, затоа што годинава има помали приноси. За задоволување на домашните потреби пак, се потребни 310.000 тони пченица, што значи дека околу 60.000 тони ќе мора да ги увеземе.
Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата, вели дека Македонија има услови за поголемо производство на пченица и дека за неколку години можеме да станеме независни во однос на овој стратешки производ. Повеќе на линкот https://www.slobodenpecat.mk/godinava-kje-ni-nedostigaat-60-000-toni-pchenica-treba-da-gi-najdeme-od-uvoz/.
– Македонија има неискористено земјиште што може да се намени за производство на жито, има сончеви денови и има неискористено подземни води кои треба да ги донесеме на површината. За да се зголеми земјоделското производство треба дополнителна помош од државата за земјоделците и треба да се донесе регулатива за да може да се стават во функција подземните води со помош на државата. Министерството за земјоделство има студии за подземните води и тие покажуваат дека има голема количина неискористена вода на места каде што се сади, или може да се сади – вели Стојкоски.