вестиТоп вести

Голем интерес за добивање државни земјишта под закуп

Голем интерес за државните ниви. Над 300 земјоделци и земјоделски компании аплицирале на повикот за давање под закуп државно земјоделско земјиште до 3 хектари. За разлика од минатото, сега со овој повик земјоделците можат сами да се пријават кои слободни државни ниви сакаат да ги земат под закуп. За ова ќе им е потребен и геодетски елаборат.

„Со ова даваме можност и за неатрактивно земјиште кое што стои необработено со години на наједноставен начин земјоделците да дојдат и склучат договор со земјоделците“, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

На јавниот повик кој беше објавен пред еден месец беше понудено целото слободно земјоделско земјиште во државата или за 34 региони и парцели кои не се атрактивни и се со пониска класа.

Од Министерствотоз а земјоделство информираат дека е во тек е и јавниот повик за продажба на државно земјоделско земјиште под оранжерии. Трае до 17 јануари, а се очекуваат над 20 апликации. Земјодеците и земјоделските компании со целосно сопствеништво на земјиштето ќе можат да аплицираат за европските фондови.

„Во 2019 година ќе одиме и чекор напред и кај останатите  други земјоделски култури, сообено каде што имаме долгогодишни насади да овозможиме граѓаните, земјоделците, бизнисмените оние кои што псоедуваат концесија на земјоделско земјиште да одиме чекор понапред кон продажба“, додава министерот Николовски.

Интересот и за останатите огласи е огромен, вели министерот, особено за инвестиции за 23 атрактивни парцели за изградба на винарии, објекти за преработка, кланици, оранжерии, нови производствени погони, кај домашни и кај странски инветситори. На овој повик се очекуваат и инвестиции од над 20 милиони евра.


 

alsat-m

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close