Без категорија

Христина Ризоска сточар од Новоселани – Овците јадат секој ден по итно да се исплатат субвенциите за 2024

Христина Ризоска од Новоселани Битолско огледувач на 350 овци досега не зела субвенции за 2024 година. 

Христина Ризоска од Новоселани Битолско огледувач на 350 овци досега не зела субвенции за 2024 година. Христина е само еден од 1250 сточари што не им исплатија субвенциите за 2024 година наводно поради тоа што однеле помалку јагниња од бојот на овци што го огледуваат. Условот за 2024 година беше да се однесат јагниња на кланица – 50 проценти од бројот на овци.

„Ни недостигале јагниња и затоа ни ни исплатија субвенции, останавме покуси за 460.000 денари, пари со кои требаше да набавиме храна за стоката. Нема никој конкретно да ни каже за колку јагниња не зедовме субвенции, никој не кажува за 2023 или за 2024 година ни бараа бројка? Во оваа бројка од 350 грла овци колку што имам во мето трло се сметаа и машките овци, бравот, што не можат да родат и од таму не прифаќаме дека сме однеле косок јагниња на кланица. Дадов доволна бројка на јагниња и не можам да измислам јагниња, има смртност и за тоа никој не ме праша,  дали имам смртност кај овците, дали волкот ги нападнал јагнињата, дали сме се соочиле со болести. Затоа неисплатата на субвенции не дозаглави финансиски. Бараме да бидеме исплатени навреме за 2025 по грло“, изјави Христина за „Зелена берза“.

За Ризоска е неприфатливо да се „молат“ кланичарите да бидат пофер кон сточарите.

„Не уценуваат со кланиците, ни ги затворија границите за извоз за Косово и Албанија ние сме сега обесправени како сточари, па требало да ги замолуваме кланичарите да биле пофер кон нас. Срамота, неприфатливо е таковото однесување и давање на изјави на Сојузот во јавноста. Четворица дома работиме, плаќаме сметки, кредити и мораме да живееме. Не можеме две години да опстоиме со заеми.  Субвенции нема и не можеме да ги планираме парите , за да ги ги платиме долговите“, вели Ризоска.

Таа додава дека нема пари за рурален развој, премија за млекото нема, и дека мора да се направи разлика меѓу сточарите и другите земјоделски гранки во приоритет на исплата на субвенции бидејќи како што вели -Овците, козите, кравите треба да јадат, секој ден е трошокот. Треба стоката да јади, бараме да не ислуша власта, вели Ризоска.

Анета Блажевска

Поврзани новости

Back to top button