fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

И кај земјоделците ризикот е пресуден за да бидат успешни

И кај земјоделците ризикот е пресуден за да бидат успешни

Успешна земјоделска приказна од тетовско Јанчиште

Без преземање ризик ниту во земјоделската дејност не може да се постигне успех. Вака Синиша Стефановски започна да ја раскажува својата успешна бизнис приказна во областа на производство, чување и продажба на малина. Во рамки на неговата фирма ЛК РАЗБЕРИ стационирана во атарот на тетовското село Јанчиште, тој овој производ го има засадено на површина од 3 хектари , а има и кооперанти кои работаат за него, а кои имаат засадено малина на 10 хектари земјоделска површна.

-Се започна пред 6 до 7 години, дека јас се занимавам со трговија и видов дека нема иднина во трговијата, дека во трговијата големите ланци на маркети ги диктираат условите и искрено не гледав иднина во таква трговија на мало и размислував да се префрлам на производство, а сакав на храна. За малината се одлучив дека имам пријатели од Косово што произведуваат малина. Видов како оди тој процес, но и боровинката беше една од опциите, но на крај се одлучив на малина дека пријателите ми помогнаа околу одгледување, чување, откуп и слично и затоа се решив за малина, има доста работа, ама затоа е исплатлив бизнис.Во секој бизнис постои ризик, кога нема ризик нема добивка. Голема благодарност до банките кои соработуваа со моите фирми , без кредит не може ништо, значи ризикот беше голем, ама еве се исплатеше, вели Синиша Стефановски сопственик на ЛК Разбери.

Тој вели дека и другите земјоделци можат да успеат, само ако имаат план и програма и се разбира однапред договорен откуп.

-Се што се работи со план и програма однапред исцртана не може да има неуспех, а се што е стихијно однапред е осудено на неуспех. Јас претходно правев планови и претходно договорив откуп, се си има продажба и лешник и аронија, ама мора претходно да се обезбеди пласман. Добро е што има зголемување на побарувачката за малината во Македонија. И во странство е така, за разлика од порано имаме голема побарувачка од еден клиент од Турција, еве годинава јас веќе ја имам продадено малината. ЛК РАЗБЕРИ е приватна фирма, но ние функционираме како земјоделска задруга, значи кога ќе дојде за продажба, ние заедно со кооперантите ја договараме цената. Значи ако има на светска берза добра цена на малината така и кооперантите ќе добијат добра цена, вели  Стефановски.

Вели дека одлучил да произведува малина во Јанчиште поради близината на селото до Тетово, добрата почва, вода. Има земјоделци кои се нафатија да соработуваат со мене, односно да ми бидат кооперанти.

-Тука во овој објект има се што треба за производство и чување на малина. Имаме тука шок тунен кој веднаш ја замрзнува малина. После берење мора веднаш да се замрзне малината, за да го зачува квалитетот.Тука овој објект не го изградив така наеднаш, туку бев и гледав во соседните земји како изгледаат ваквите објекти и направив проект и го изградив. Значи тука се одвива цел процес од производство до чување, пакување и продажба на малината.Нашата фирма има 6 вработени, но нашите вработени им помагаат и на нашите кооперанти  во однос на производство, се со цел да добијат квалитетна малина, додава Стефановски.

Идни негови планови се проширување на парцелите, можеби производство на боровинка, а понатаму и произведување на сок, џем и слично, но се како што вели чекор по чекор, по однапред изграден план и програма.

Малината се сади на крајот од есента, тогаш има најдобри резултати. После  годинаипол е на прва берба. Сака внимание во долниот дел од стеблото. Треба доста да се чисти, за да има проветрување и да нема габични инфекции. Од почетокот на февруари се врзува, нема кроење, таа се скратува во горниот дел за да не нарасне многу. И тука е неизбежниот систем капка по капка за производство на овој производ.

Бербата е во месец јуни. Таа се собира, се разладува потоа оди во шок тунел, на трака па се пакува и се складира во ладилникот и таму стои малината се до продажба.

Поради проблемот со сезонски работници од ЛК РАЗБЕРИ преку ИПАРД програмата аплицирале за машина за берба на малина која може да замени 200 работници. Ако ја добијат, велат дека од наредната година со сигурност ќе го прошират производството.

Зоран Димовски

 

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close