fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Вест на денот!-Николовски-Обезбедуваме историски најголем Буџет за земјоделството од околу 12 милијарди денари

Поддршка на малите производители на храна и малите винарии со буџет од по 35 милиони денари, како и поддршка на земјоделските задруги.

Министерот Љупчо Николовски објави -Обезбедуваме историски најголем Буџет за земјоделството од околу 12 милијарди денари, што претставува значително зголемување споредено со 2022 година. Во следната година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика, ги започнуваме најголемите реформи во земјоделството бидејќи земјоделците тоа го заслужуваат.
Буџетот за 2023 е поставен на 5 клучни столба:
1️⃣ Обезбедени се над 7 милијарди денари за најголемата реформа во историјата на земјоделство, новиот модел за субвенционирање и авансна исплата на субвенциите.
2️⃣Поддршка на малите производители на храна и малте винарии со буџет од по 35 милиони денари, како и поддршка на земјоделските задруги.
3️⃣Најголемата сума од буџетот на МЗШВ во износ од 884,9 милиони денари е наменета за капиталните водостопански проекти. Ги продолжуваме и завршуваме проектите и во 2023 година, браната Конско, Речани и Равен, изградба на трета фаза од Јужновардарска долина како и изградба на малите системи во Конопница Пишица и Теарце и други.
4️⃣Ставаме фокус на зелената транзиција, пошумувањето е наша главна цел за 2023, преку 25 милиони денари за програмата за проширена репродукција на шумите.
5️⃣ Петиот столб е модернизација во македонското земјоделство, кој што доаѓа пред се со ИПАРД 3 програмата и зголемен буџет од 62% европски средства, и со проектите со Светска Банка и изградба на 3 откупни центри во Ресен, Струмица и Скопје.
Наша цел е да имаме повеќе домашна храна, да бидеме увозно независни, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци. Токму тоа и го постигнуваме со овој развоен, домаќински креиран буџет, без непотребни трошоци и со вклучени мерки за штедење.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close