fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Наша единствена политика е земјоделската политика

Националната земјоделска мрежa на средби со земјоделците од Чешиново - Облешево и од општина Свети Николе.

 

Почитувани земјоделци!

Националната земјоделска мрежа на 29.10.2023 год одржа две работни средби со земјоделците и граѓаните од општините Чешиново – Облешево како и од општина Свети Николе. На средбите го преставивме профилот на организацијата, целите и задачите како и информацијата за тоа што сме сработиле во изминатиот период. Од страна на нашите колеги земјоделци слушнавме за огромен број проблеми кои со децении се таложат и го усложниваат и не така лесниот живот на ова група наши колеги земјоделци. Во ова прилика сакаме јавно да истакнеме дека сме изненадени од “успешноста“ на политичките елити кои во изминатиот период на делување во опшеството успеаја да го разединат народот по разни основи, а што е најтрагично да му ја одземат надежта и желбата на земјоделецот за опстанок и просперитет на оваа најбитна гранка од нашето опшество.

Почитувани земјоделци, ние како Национална земјоделска мрежа нема да застанеме овде напротив уште посилно и мотивирано ќе се бориме за нашите права, пред се да бидеме почитувана категорија на граѓани, да имаме достоинствен живот за нас, нашите семејства и останатите наши сограѓани, а не вака да бидеме сведени на социјала благодарение на манипулациите од бизнис и политичките елити.

Уште еднаш јавно укажуваме дека не сме и нема да бидеме ничии партиски приврзок и дека јавно се оградуваме од секакво политичко влијание. Наша единствена политика е земјоделската политика, односно ние земјоделците заеднички да изнајдеме решение од овој длабок амбис во кој сме втурнати не по наша вина. За реализација на овие цели ни треба сплотеност, мудрост истрајност. Почитувани земјоделци колку и да изгледа очајна состојбата во која сме, бидете убедени дека сите ние имаме и знаење и сила да ги менуваме состојбите на подобро и ќе ги менуваме. Земјоделието е и мора да биде двигател во развојот благосостојбата на сите граѓани, истовремено и опстанокот на опшеството и државата.

Со почит

Национална земјоделска мрежа чии претседател е Ѓорги Каракашев

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close