fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Се бара решение за откупот на јагињата и распределбата на хуманитарната помош во Дебар

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб за прогласената кризна состојба поради коронавирусот денеска соопшти дека треба да се најде решение за проблемите со барањето на сточарите за откупот на јагнињата, заминувањето на странските државјани кои се затекнаа во Дебар, како и распределбата на хуманитарната помош.

-Еден од проблемите е барањето на сточарите кое се однесува за откупот на јагнињата, за што до крајот на нелава очекуваме да биде надминат идентично како што се врши и откупот на млекото. Проблем е и заминувањето на странските државјани кои се затекнаа во Дебар по прогласувањето на кризната состојба на 13 март, а се од Швајцарија, Шведска и Албанија. Постојано се контактира со амбасадите на земјите од каде се тие за да се реши и ова прашаље. За Шведска ќе има лет на 3 април, рече Дука на средба со новинари.

Додаде дека проблем се јавува и околу распределбата на хуманитарната помош.

-Како што знаете Опертивниот штаб не е вклучен во распределбата на помошта и тоа им го препушти на хуманитарните оранизации и Црвен крст. Се случува едно домаќинство да добива и по неколкупати помош, а некое ниту еднаш. Во овој правец на денешната средба со претставниците на овој сектор ќе усвоиме список со цел помошта да се распределува пропорционално, посочи Дука.

Оцени дека препораките и мерките се почитуваат. Во текот на ноќта полицискиот час го прекршило само едно лице, против кое се преземени законски мерки.

Како што објави Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје денеска почина еден пациент на 79 години од Дебар, а се испишани осум пациенти од овој град кои се лекуваа од вирусот Ковид 19. /МИА

Извор:канал5

Слични написи

Back to top button
Close