Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

НЗМ – Јавен повик за организирање на заедничка средба на земјоделците и здруженија

Намалени и неисплатени субвенции

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКА СРЕДБА!

Почитувани претставници на сојузи, асоцијации, земјоделски здруженија и колеги земјоделски производители

Секојдневно сме сведоци на тешката состојба во македонскиот аграр — состојба од која не се гледа излез. Оставени сме на милост и немилост на природата и на трговците, во еден општ хаос
– Намалени и неисплатени субвенции
-Понижувачки откупни цени со неизвесен рок на наплата
– Тотално отсуство на државна стратегија за земјоделството;
– Суспендирани програми за поддршка и развој
– Манипулации и масовна злоупотреба од страна на одредени преработувачки капацитети
– И уште милион други проблеми кои директно го загрозуваат нашето елементарно опстојување.

Поради сите овие причини НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА упатува ЈАВЕН ПОВИК и ПОКАНА до сите засегнати земјоделци , здруженија , сојузи асоцијации и сите засегнати страни да одржиме заедничка средба. На оваа средба јасно ќе ги искажеме нашите ставови и мислења, а донесените заклучоци ќе ги доставиме директно до Владата на Р. Македонија и до МЗШВ.
НЗМ јавно ве повикува да го споделите вашиот став:
Дали ја поддржувате оваа иницијатива?

Крајно време е да се слушне вистинскиот глас на земјоделецот
Време е за обединување!

Пишете во коментар или контактирајте нè дирекно во порака

За местото и датумот на средбата дополнително ке бидете информирани

Сплотени сме посилни

Со почит НЗМ

Поврзани новости

Back to top button