fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Јавниот сектор утре во генерален штрајк, ќе работат 10 проценти од вработените

Од Синдикатот велат не е добро да не си на страната на работниците, кои воедно се и гласачи.

Сојузот на синдикати на Македонија за утре најави генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

На седница на Комисијата за финансирање и буџет вчера не помина амандманот на ССМ на ребалансот на Буџетот со кој требаше да се обезбедат средства за линеарно покачување на платите.

-Работниците беа сведоци на срамно однесување на пратениците од владејачкото мнозинство членови на Комисијата за финансирање и буџет кои најостро се спротиставија на предлог-амандманот на ССМ кој предвидуваше средства во буџетот за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари, велат од ССМ.

Не е добро, додаваат од Синдикатот, да не си на страната на работниците, кои воедно се и гласачи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close