Без категоријаМеханизација

John Deere 5E

Доколку сте мал производител, а Ви е потребен трактор за специјализирани потреби, тогаш идеалниот избор е трактор John Deere 5E. Доколку мислевте дека John Deere трактори се трактори кој што се наменети само за работа на големи фарми, John Deere 5E е специјализиран и посебно дизајниран за мали фарми.

John Deere 5e

Моќен и ефикасен мотор

Сите трактори на John Deere од 5E серија се со 3 цилиндричен PowerTech M мотор со  волумен од 2,9 литри. Интегрираниот турбо полнач ја зголемува моќноста на моторот со почитување на строгите Stage 3A стандарди за емисија на штетни гасови.

5Е трансмисија

Серијата 5Е нуди стабилна трансмисија со 9 брзини напред и 3 назад, со погон на четири и на 2 точка. Четири различни модели со различна моќност 40 kW (55 KS), 48 kW (65 KS) или 55 kW (75 KS). Сите брзини се синхронизирани, а промената на брзините е поефикасна со Dry Dual системот. Системот за кочење е опремен со самоподесиви дискови потопени во масло.

5Е хидраулика

Сите модели од John Deere 5Е серија се опремени со хидраулична пумпа, која што обезбедува 71 l/мин. хидраулика на сите приклучни машини, како и на самата хидраулика на тракторот. Голема моќ на подигање – до 1.8 тони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close