fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Пет земји од Источна Европа бараат нова забрана за увоз на украинско жито

ЕУ во мај им дозволи на петте земји соседна Украина да ја забранат продажбата на украинската пченица, пченка, семе од репка и сончоглед на локалните пазари, додека дозволи транзит на такви товари за извоз на други места.

Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка го поддржуваат продолжувањето на забраната на ЕУ за увоз на украинско жито на нивните пазари до крајот на годината, изјави денеска полскиот министер за земјоделство Роберт Телус.

ЕУ во мај им дозволи на петте земји соседна Украина да ја забранат продажбата на украинската пченица, пченка, семе од репка и сончоглед на локалните пазари, додека дозволи транзит на такви товари за извоз на други места.

Забрана е во сила до 15 септември.

– Ние поддржуваме забрана за увоз во нашите земји до крајот на годината. Сакам да кажам дека дури и ако не успееме, некои земји ќе воведат свои ограничувања. Нашата декларација е јасна, истакна Телус.

Министрите за земјоделство на петте земји, исто така, се согласуваат за потребата од субвенции за транзит на жито и сакаат да се додадат и други производи на списокот за забрана за увоз, како што се малините во случајот со Полска, наведе Телус.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close