fbpx
Вести

Заврши жетвата на пченицата со 40 проценти помали приноси од лани

Сушата и жешкото време, однесоа голем дел од родот оваа година.  Комбајните од житните полиња ожнеаа 40 проценти помали приноси од лани. Бројките по завршувањето на овогодинешната жетва во просек изнесуваат по 2,3 тони по хектар или по 1 тон помалку од собраното, минатото лето.

Приносите се движат од минимални 500 килограми по хектар во Кавадарци, 900 во Штип, 1.100 во Неготино и 1.300 килограми во Свети Николе. Највисоки просечни приноси има во Битола, 4.000, во Тетово 3.500 и во Скопје, 2.200 килограми од хектар.

Поради нарушување на домашниот пазар на пченица земјоделците ќе добиваат и дополнителни 6.000 денари за хектар или 2 милиона евра повеќе од досегашните субвенции. Ќе земат и дополнителен еден денар за килограм јачмен, предаден кај регистрираните откупувачи. Истовремено и на градинарите им следуваат плус 10 проценти од висината на досегашните субвенции.

Годишните потреби од пченица на Македонија се 300.000 тони, а годинава ќе недостигаат 110.000 тони кои ќе треба да се купат на странските берзи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close