fbpx
ВестиСовети

КАЛЕНДАР НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦОТ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ Овоштарство

Ноември е типичен есенски месец. Денот брзо се намалува, а со тоа и сончевите
периоди, со што се намалуваат и вредностите на надворешната температура и доаѓа до
појава на карактеристичните временски феномени: магла, мраз, температурни инверзии и
сл.
Овоштарство
Во месец ноември има доволно дена кои што треба да се користат рационално за
работа во овоштарниците. Продолжува извршувањето на агротехничките мерки кои што
се од суштинско значење за здравствената состојба на растенијата. Ако веќе не е
завршено со бербата на покасните сорти на јаболката, крушите и дуњите, со садење на
нови овошни дрва, со прскање на јаболчестото овошје со уреа, со есенската обработка на
почвата и др., тогаш ова е правото време да се заврши со тоа. Откако ќе паднат лисјата,
препорачливо е да се заораат за да се уништат заразните форми кои би презимиле под
листовите.
За да се уништат презимните форми на црвите и другите видови од Лепидоптера,
потребно е да се изгреби, отстрани и изгори старата кора на стеблата и на подебелите
гранки од дрвата. Ова треба да се направи со тап нож, за да не се оштети здравото ткиво
под кората.
Препорачливо е во овој период од овошните насади да се искорнат, отстранат и
изгорат садниците кои што биле заразени од апоплексија, бактериози, вирусни болести и
сл. Бидејки доколку останат во овошните градини тие претставуваат извор на заразни
болести.
Задоително треба да се испрска со бакарни препарати за превенција од кадравост
на листот кај праската, рано кафеаво гниење и сл. Доколку тоа не е направено во текот на
месец октомври.
Пред појавата на зимските мразеви препорачливо е стеблата на младите садници
да се обвиткаат со хартија, полиетиленско платно и др. Материјали, како заради заштита
од студот, така и заради заштита од зајаци и други глодари.
Стеблата и дебелите гранки треба да се премачкаат со раствор од 2,5кг гасена вар
и 0,5кг син камен, заради спречување на пукање на кората во текот на зимата.


 

agencija.gov.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close