fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Претпладне сончево, попладне изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови се очекува во попладневните часови на повеќе места да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close