
Контроли во 30 откупни центри на земјоделски и градинарски производи, констратирани можни прекршувања на прописите
Опфатени со над 30 откупни центри на териториите на општините Гевгелија, Струмица, Кривогаштани и Ресен, кои вршат откуп на земјоделски и градинарски производи, при што предмет на контролата беа, меѓу другото, откупот на пиперка и јаболко – информираат од Комисијата.
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведе контролни активности опфатени со над 30 откупни центри кои вршат откуп на земјоделски и градинарски производи. Предмет на контролата беше и откупот на пиперка и јаболко. Контролите биле спроведени преку непосредни увиди и прибирање податоци и документација, со цел да се утврди начинот на формирање на откупните цени, условите под кои се врши откупот, како и начинот на кој откупните центри ги утврдуваат и менуваат своите цени. При досегашната обработка на прибраните податоци и документација се утврдени одредени индиции кои упатуваат на можни прекршувања на прописите од надлежност на Комисијата.
– Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамките на своите законски надлежности, спроведе контролни активности опфатени со над 30 откупни центри на териториите на општините Гевгелија, Струмица, Кривогаштани и Ресен, кои вршат откуп на земјоделски и градинарски производи, при што предмет на контролата беа, меѓу другото, откупот на пиперка и јаболко – информираат од Комисијата.
Контролните активности биле спроведени преку непосредни увиди и прибирање податоци и документација од откупните центри, со цел да се утврди начинот на формирање на откупните цени, условите под кои се врши откупот, како и начинот на кој откупните центри ги утврдуваат и менуваат своите цени.
-При досегашната обработка на прибраните податоци и документација се утврдени одредени индиции кои упатуваат на можни прекршувања на прописите од надлежност на Комисијата. Комисијата во наредниот период ќе продолжи со детална анализа и проверка на прибраните податоци и документација, по што, согласно утврдените факти и законските овластувања, ќе бидат преземени соодветни мерки – велат од Комисијата.
Оттаму ја нагласуваат својата определба за доследно спроведување и почитување на правилата на конкуренција и ќе продолжи активно да постапува во сите случаи во кои постојат индиции за нивно нарушување, со цел, како што велат, обезбедување еднакви услови за пазарно натпреварување и заштита на интересите на сите учесници на пазарот.
Извор: МИА




