
Агро бизнисВестиТоп вести
Костадинов – Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката
Со враќањето на функционерските плати а во државата мислам дека ги имаме над 2.000, на старото ниво, годишно во буџетот би требало да се генерираат над 20 милиони евра заштеда. Тоа би и дало повеќе од доволно простор на Владата директно да ја поддржи реколтата и да ги субвенционира земјоделците за да постигнат достојна цена од најмалку 30 денари за килограм пиперка, напиша Костадинов.
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка.
-Како опозиција, сосем е легитимно да се критикува, но сметам дека е политички коректно и одговорно кон граѓаните истовремено да се нудат и конкретни решенија, особено кога станува збор за маката на нашите земјоделци.
Мојата СДСМ има одлична можност да го симне бремето кое неоправдано и беше наметнато за зголемувањето на функционерските плати од 75%.
Можеби сега е вистинско време да се предложи законско намалување на овие плати за истиот тој процент.
Со враќањето на функционерските плати а во државата мислам дека ги имаме над 2.000, на старото ниво, годишно во буџетот би требало да се генерираат над 20 милиони евра заштеда.
Тоа би и дало повеќе од доволно простор на Владата директно да ја поддржи реколтата и да ги субвенционира земјоделците за да постигнат достојна цена од најмалку 30 денари за килограм пиперка, напиша Костадинов.




