fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Поскапувањата се резултат на руско-украинската криза, нашите цени најниски во регионот

Земјава, сепак, како што напомена премиерот, има најниски цени и на енергенсите и на храната во однос на останатите држави во регионот.

Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а денес кошничката може да се покрие со две минимални плати, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, поскапувањата на храната и енергенсите се резултат на дисбалансот што го предизвика руско-украинската криза.

Земјава, сепак, како што напомена премиерот, има најниски цени и на енергенсите и на храната во однос на останатите држави во регионот.

-Кога зборуваме за синдикалната кошничка, би се вратил малку назад. Имавме синдикална потрошувачка кошничка која беше скоро 36.000 денари, а пред пет години минималната плата беше 9.000 денари. Тогаш беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а сега, прв пат во истроијата на државата, со новата Одлука за зголемување на минималната плата на 18.000 денари за сите работници, со две минимални плати се покрива синдикалната потрошувачка кошничка. Точно е дека има зголемени трошоци и на храната и на енергенсите, но тоа се должи на најголемата криза што ја памти Европа во поново времне. Руско-украинскиот конфликт направи комплетен дисбаланс во снабдувањето и во цените на прехранбените производи, на енергенсите, полуфабрикатите и суровините кои се тргуваат на нивот на Европа, нагласи премиерот, одговорајќи на новинарски прашања.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close