Кругови во жито, мистерија која не е мистерија

Рационалистите тврдат дека се направени од луѓе, а љубителите на фикцијата им даваат божествена и вонземска димензија. Како и да е, Даг и Дејв со години се забавувале на тема: трагови во житото. Никој не знаел што прават.

Круговите во житото се честа тема кај љубителите на надреалното, а често во контекст на симболика на вонземското или божественото. Последните 50-на години најчесто се појавувале во Велика Британија, но и во многу други краеви на светот. Од почетокот како кругови, а подоцно во најразлични облици – триаголници, петтоаголници, ѕвезди, мравка, пеперутка и многу други, различни облици и димензии, од кои некои надминуваат и 500 метри во обем.

Како што овие појави од секогаш предизвикувале внимание кај медиумите, така во 2006 во житото, настана и логотип на интернет пребарувачот Firefox, како единствен облик на промоција на брендот.

10 најинтересни форми во житото

Репутацијатa им е градена така што во медуимите беа опишувани од страна на разни самопрогласени стручњаци, но и физичари и математичари, а со појавата на секој следен облик, љубителите на фикција со користење на седмата сила би ја распламтувале имагинацијата на заинтересираните. Овој феномен, се разбира, има и логично објаснување, а можеби најголем придонес за тоа даде неодамна починатиот британски уметник Даг Бауер (1924-2018).

Тој во 60-те години од минатиот век во Австралија, за прв пат слушнал за трагите во житото, а неколку години подоцна ги реализирал и првите – сопствени во Велика Британија, заедно со колегата Дејв Чорли. И тоа само за забава. Приказната започнува од тоа дека, двајцата разговале во петок пиејќи пиво, за своите уметнички достигнувања, а еден ден така и ја ревитализирале идејата за кругови во житариците. Почнале во ноќта да прават трагови во околните полиња и чекале некој да ги примети, да добијат медиумско внимание. „Нас не забавуваше фактот дека публицитетот на тие појави ја разигруваше имагинацијата на луѓето. Се вртеа неверојатни приказни“ –  кажува Даг во документарниот филм на Метју Вилијамс.

7 години ја чувале тајната

Долго ја чувале тајната, за која никој не знаел.

„Седум години ниту мојата сопруга не знаеше што правиме со Дејв во викендите. Кога на крајот и признав каде сме биле сите тие ноќи, можевме и повеќе време да минуваме на полето правејќи нови, поголеми и покомплексни облици. Секако и натаму чувајќи ја тајната од останатите“, открива тој.

Интересно е и тоа, дека никогаш не гледале на ова како на можност за заработка, туку исклучиво како забава.

„Ние знаевме и да дојдиме и заедно со другите граѓани да ги гледаме тие „мистериозни“ кругови. Тоа ни беше неверојатно забавно. Да се слушаат коментарите и со другите да се чудиме на претставата, облиците и пораките“.

Очигледно е дека биле многу успешни во својата работа, бидејќи феноменот преку медиумите дојде до секој дел на светот и создаде туристичка атракција и своевидно движење кај уметниците: „После некое време започнаа да доаѓаат луѓе од сите страни на светот и едноставно ја пренесоа идејата во други земји“, го објаснува ширењето на појавата, овој интересен британец.

Да потсетиме, овие кругови можеа да се видат и во Србија во 2001 година и во Турција три години подоцна.

 

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Share Button