fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделци пишуваат поезија за да мотивираат што поголема излезност на најавениот протест

Се лутат земјоделците, молат Владата да реагира, а не само кајмакот да го збира.

Организаторите на сеземјоделскиот протест закажан на Петровден во Прилеп, пишуваат поезија за да ги мотивираат земјоделците,  тутунарите, полјоделците, сточарите, овоштарите, градинарите… во што поголем број да излезат на протестот најавен за во понеделник. Откако испратија писмо до претседателот на државата Стево Пендаровски да го поддржи протестот, ги повикаа и градоначалниците и пратениците од сите политички партии да застанат зад нивните барања, па сега мотивирани од поезијата на Кочо Рацин и Блаже Конески пишуваат поезија.

 

ВРИЕ КАКО ВО КОШНИЦА

 

Бриу како во кошница, земјоделци вредни

растрчани в поле за работа жедни.

Секој со своја мака

испотено чело, испотена рака.

 

Комбајни брчат леб се збира,

трактори по нив слама се балира.

Тутунари вредни лист, по лист се бери,

може ли некој оваа мака да ја мери.

 

Распослано поле изорано до бразда,

но секој си знае до каде е газда.

Се трча на сите страни, летнина се збира,

пред  кооперација вечер муабет и ладна бира.

 

И се така, дури летото е во ек,

вредните земјоделци се’ се на штрек.

Се работи, се произведува, но нема кој поштено да го плати,

па ќе се даде џабе колку за сметки и рати.

 

Се лутат земјоделците, молат Владата да реагира,

а, не само кајмакот да го збира.

Несвесни бараат субвенции да им даде,

а, не сфаќаат дека токму таа потта им ја јаде.

 

Автор-земјоделци, организатори на протестот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close