fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За тутунарите дополнителни 20 – 30 денари субвенција

Од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6.000 денари поддршка за хектар површина

Зголемување на субвенциите за дополнителни 20 – 30 денари по класи предаден тутун, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. За прва класа, како што истакна Николовски на прес-конференција, субвенцијата ќе достигне рекоркдни 100 – 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот.

Министерот најави и дека од 2024 година тутунарите ќе добијат стопроцентна поддршка за „зелена нафта“, мерка која досега не ја користеа, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.

Од оваа реколта, 2023-та, дополни Николовски, тутунарите ќе плаќаат и помалку за поверниците кои го контролираат откупот на пунктовите. Оваа сума која досега им се одбиваше од преданите количини тутун, наместо 0,35 отсто, ќе биде 0,25 проценти.

Николовски ја поздрави одлуката на Тутунскиот комбинат Прилеп кој синоќа одлучи да ја зголеми веќе договорената откупна цена на тутунот за најмалку 10 проценти и повика, останатите компании да го следат овој и примерот на државата, која исто така им излегува во пресрет на тутунарите.

-На постојните 80 денари, државата ќе издвои уште 20 до 30 денари за тутунарите. Сметам дека компаниите треба да го следат овој и примерот на ТК Прилеп, нагласи Николовски.

Според него, цените со кои почна откупот беа мали поради што се разгледуваа сите можности да им се помогне на тутунарите.

-И оваа година навреме, уште пред почетокот на откупот, ги почнавме разговорите меѓу производителите и откупувачите. Традиционално сме партнери на едните и на другите, но секогаш сме на страната на производителите зашто е фер да се почитува маката на земјоделците. Пред откупувачите јасно истакнав дека годинава очекуваме фер и праведна цена на тутунот, постигнавме историски откупни цени во последините години, но сметам дека уште повеќе треба да се цени трудот на производителите, потенцира Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close