fbpx
Вести

Македонци од земјоделство заработуваат над 50000 евра годишно

stopanstvo

Во вкупната вредност на производството во Република Македонија најголемо учество имаат земјоделските стопанства од III класа, во која влегуваат стопанствата со вредност на производството од 4.000 до 7.999 евра, додека најмало учество имаат земјоделските стопанства од I класа, во која влегуваат оние стопанства со вредност на производството до 1.999 евра, покажува најновото истражување на Државниот завод за статстика.

Според податоците од структурното истражување на земјоделските стопанства, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178.125.

Во Вардарскиот и Источниот регион најголемо учество во вкупната вредност на земјоделското производство имаат стопанствата од VII-XIV класа каде што влегуваат стопанствата со вредност на производството над 50.000 евра.

Во Југоисточниот, Полошкиот, Североисточниот и Скопскиот регион, најголемо учество во вкупната вредност на земјоделското производство имаат стопанствата од III класа, каде што влегуваат стопанствата со вредност на производството од 4.000 до 7.999 евра.

Во Југозападниот регион, најголемо учество имаат стопанствата од II класа во која влегуваат стопанствата со вредност на земјоделското производство од 2.000 до 3.999 евра и во Пелагонискиот регион најголемо учество имаат стопанствата од IV класа во која влегуваат стопанствата со вредност на земјоделското производство 8.000-14.999.

Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.80 хектари земјоделско земјиште и има 2,14 добиточни единици. Вкупно користеното земјоделско земјиште од земјоделските стопанства изнесува 320.738 хектари, а од вкупниот

Од вкупно користеното земјоделско земјиште, 77,4 отсто се ораници и бавчи.

Стопанствата одгледуваат 252.936 грла говеда и 717.244 грла овци. Вкупно 441.829 лица, во периодот од 1.06.2015 до 31.05.2016, придонесле со еден или со повеќе денови на индивидуалните земјоделски стопанства и се вработени во деловните субјекти.

Просечно, по земјоделско стопанство се ангажирани 2,5 лица.


 

еМагазин

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close