fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Овоштарите стравуваат за пласманот на охридската цреша на рускиот пазар

Охридските земјоделци стравуваат за годинашниот пласман на охридската цреша, која традиционално години наназад се извезува токму на рускиот пазар. Ситуацијата во моментов со руско-украинската криза може негативно да се одрази на извозот.

Ванчо Стојаноски, вели дека неколку години наназад, за жал, политиката околу Русија не најповолна, а дополнително се стравува и сега со оваа ситуација.

Нашите земјоделски производи, а посебно црешата се уште не можеме да ги пласираме на западноевропскиот пазар, бидејќи не можеме да ги достигнеме нивните стандарди и барања. Значи единствениот пазар ни беше Русија. Сега стравуваме каде ќе се пласира црешата, бидејќи од напред ако не е договорен пласманот, извозот ќе пропадне. И минатата година некако тешко одеше откупот, но се плашам дека годинава ќе е уште потешко. Бидејќи ние како држава сепак сме мали производители на овошни култури, вклучително и на црешата, истата заедно со црешата од Србија се извезуваше во Русија и тоа извозот беше 90% токму на тој пазар,  вели Стојаноски.

Само на рускиот пазар, додава Стојаноски, може релативно поголеми количини да се пласираат. Ние не сме некој голем производител но, тие неколку стотини тони однапред се договаат за пласман и тоа месец дена пред берба е договорен откупот, додава тој.

Ванчо Стојаноски, вели дека неколку години наназад, за жал, политиката околу Русија не најповолна, а дополнително се стравува и сега со оваа ситуација.

Нашите земјоделски производи, а посебно црешата се уште не можеме да ги пласираме на западноевропскиот пазар, бидејќи не можеме да ги достигнеме нивните стандарди и барања. Значи единствениот пазар ни беше Русија. Сега стравуваме каде ќе се пласира црешата, бидејќи од напред ако не е договорен пласманот, извозот ќе пропадне. И минатата година некако тешко одеше откупот, но се плашам дека годинава ќе е уште потешко. Бидејќи ние како држава сепак сме мали производители на овошни култури, вклучително и на црешата, истата заедно со црешата од Србија се извезуваше во Русија и тоа извозот беше 90% токму на тој пазар,  вели Стојаноски.

Само на рускиот пазар, додава Стојаноски, може релативно поголеми количини да се пласираат. Ние не сме некој голем производител но, тие неколку стотини тони однапред се договаат за пласман и тоа месец дена пред берба е договорен откупот, додава тој.https://www.ohridnews.com/zem-odelcite-stravuvaat-za-plasmanot-na-ohridskata-cresha-na-ruskiot-pazar/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close