Македонија 19-та најдобра винска туристичка дестинација во светот

(Oвој напис е објавен на: August 23, 2019)

 

Македонија е рангирана на 19-то место во светот како најдобра туристичка дестинација за љубителите на вино.

Британскиот сајт за патувања „lastminute.com“ рангирал 30 држави-производители на вино, според тоа дали имаат лозја отворени за посети и дали се организираат дегустации, какви меѓународни награди имаат локалните вина, просечните трошоци за патување до соодветната држава (со почетна станица Лондон) и просечните трошоци за хотел и храна во неа, како и за тоа каква е просечната температура на воздухот.

На прво место на ранг-листата е Италија со 33 лозови региони, што примаат туристи, 994 винарии за дегустација и 19 илјади награди за винопроизводителите. Втора е Франција, а на трето место Шпанија.

Според податоците, Македонија има три региони-Пчиња, Повардарие и Пелагонија, во кои има пет винарии за дегустација и 157 награди. Трошоците за патување до неа се во просек се речиси 151 фунта, сместувањето за една вечер 36,5 фунти, просечната цена за оброк е 4,26 фунти и просечната температура во текот на годината е 11,4 степени Целзиусови.

Извор: пресингтв

Share Button