Македонски рибни производи на европскиот пазар

Македонија почна со извоз на рибни производи на европскиот пазар. Иако не сме земја со многу развиено рибарство ставањето на листата на одобрени земји кои може да тргуваат со Европа со овие производи ќе овозможи поголем интерес за развој на овој бизнис кај нас…

Македонските преработки од риба се најдоа на европскиот пазар во Грција, по неодамна добиеното одобрение за извоз од Европската комисија. Во моментов само еден оператор ги исполнува условите, македонска компанија која се занимава со купување и препакување риба од Грција и од Аргентина.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство се регистрирани 120 одгледувалишта на риба. Од нив, 36 се за крап, 59 за пастрмка и 22 се пасивни одгледувалишта.

Во процедура е и добивањето на одобрение од Европската унија за извоз на жива риба.

Во Македонија годишно се трошат 1,5 милиони евра државни пари за финансирање на порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.

За мандрите на Дојранското езеро и капацитетите за преработка на риби има субвенции од 1,2 милиони денари, а најголем дел од годишната финансиската поддршка е наменета за инвестиции во рибниците, за нови капацитети и за продадената риба на пазарот.

Share Button