
Пластичните шишиња од реките ќе се излеат во нивите
Освен со поголеми количества вода, речните корита се наполнија и со пластичен отпад, кој неодговорните граѓани со години го фрлаат. Градска река Сушица, во која и нема многу вода, а која Кичево го дели на два дела, за час го наполни своето корито со отпад – пластични шишиња и најлонски ќеси во големи количества.
Врнежите од дожд што со висок интензитет се присутни деновиве во целата наша земја ги збогатија со вода сите речни корита, па не се исклучок ниту реките во Кичевско. Коритото на Треска се преполнува, па во секој час се очекува да се излее во нејзиниот горен и среден тек. Жителите од овој регион се зачудени што во клучот на зимата, наместо да врне снег, врне пороен дожд, кој според прогнозите ќе продолжи и наредните денови, што ќе предизвика ново излевање на реките и нови штети на земјоделските култури во крајречниот појас. Слична е состојбата и со Беличка и Зајашка Река, кои имаат полни корита, а ако продолжат врнежите од дожд, ќе се излеат и овие реки.
Освен со поголеми количества вода, речните корита се наполнија и со пластичен отпад, кој неодговорните граѓани со години го фрлаат. Градска река Сушица, во која и нема многу вода, а која Кичево го дели на два дела, за час го наполни своето корито со отпад – пластични шишиња и најлонски ќеси во големи количества. Поголемите реки при излевањето ќе наталожат илјадници парчиња пластична амбалажа, а голем дел ќе заврши на браната од вештачкото езеро Козјак.
Граѓаните на Кичево се навикнаа на грдата слика што се создава во надојдената градска река Сушица, која изгледа како вистински отпад, преполна со пластична амбалажа, особено на каскадите, каде што се собира пластиката.
– Оваа слика за нас не е нова и веќе се навикнавме на отпадот фрлен во коритото на градската река. Самата слика најдобро зборува колку сме одговорни и дали воопшто ни е грижа за нашата околина. Ако во Сушица има толку многу амбалажа, замислете колкави количества со себе носи реката Треска – вели Петре Тренески, жител од населба во близината на градската река.https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-