fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Земјоделска земја сме, а јадеме зеленчук од втора и трета класа од Грција и Албанија

Земјоделците коментираат дека намалување на површините е причина што расте увозот на кромодот, крставиците, доматите и пиперките. Токму поради тоа што немаме и доволно домашно производство на кромид, од денеска на Градскиот пазар во Штип достигна и рекордна цена од 100 денари.

Македонија од земјоделска, станува увознo зависна за зеленчукот. На градските пазари доминира зеленчукот од втора и трета класа, кој е увезен од Грција и Албанија и е со пониска цена од македонскиот, кој е, пак, прва класа и со подобар квалитет. Земјоделците коментираат дека намалување на површините е причина што расте увозот на кромодот, крставиците, доматите и пиперките. Токму поради тоа што немаме и доволно домашно производство на кромид, од денеска на Градскиот пазар во Штип достигна и рекордна цена од 100 денари.

Раководителот на Градскиот пазар во Штип, Димче Колев вели дека 90 отсто од крставиците и доматите се увозни. Забележува дека домашните производители, но и трговци од година во година се намалуваат и ги снемува од тезгите на пазарите, поради високите цени на репроматеријалите, енергенсите, но и иселувањето на младите од македонските села.

Сè уште се чекаат анализите дали ќе се замрзнат цените на земјоделските производи, кои пред Велигден вртоглаво растат.https://telma.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close