вести

МЗШВ: Откупот на тутун речиси завршен, откупени над 20.100 тони по 195 денари во просек

Просечната откупна цена годинава била 195,25 денари по килограм, а исплатата е со 88% реализација

Откупот на тутун од актуелната реколта е речиси завршен, откако заклучно со вчера (31. Јануари) деветте откупувачи преземаа вкупно 20.146 тони тутун – се вели во соопштението од МЗШВ

Според Заводот, откупени се 100-тина тони повеќе од првичните проценки за реколта 2016-та, според кои, како што стои во соопштението  „се очекуваше да бидат откупени околу 20.000 тони тутун“.

Просечната откупна цена годинава била 195,25 денари по килограм, а според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 88%, односно  досега се исплатени три милијарди и 441 милион денари.

Инаку, краен рок за откуп на тутунот е 15-ти март 2017 година.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close