fbpx
Вести

Временска прогноза до крајот на оваа работна недела

Денес е четврток, 15 септември 2016 година, 259-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:09, а ќе зајде во 18:46 часот. Денот ќе трае 12 часа и 37 минути.

vremenska prognoza do krajot na ovaa rabotna nedela

 

Под влијание на поле на висок воздушен притисок ова утро имаме претежно ведро и свежо време во Македонија.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по ведрото и свежо утро во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со повисоки дневни температури. Попладне околу Шар Планина со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 21 до 33 степени. УВ индекс 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје во четврток ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА –  Во Македонија во петок уште едно свежо утро со утрински температури 7 до 16 степени, во текот на денот сончево и топло со температури од 22 до 34 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните, северните и североисточните предели со услови за слаб дожд и максимални температури од 20 до 32 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди и температури кои ќе се движат од 21 до 33 степени. Во понеделник умерено облачно со врнежи од дожд и пад на температурите кои  ќе достигнат до 17 односно до 29.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close