fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Нациоанален саем на храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк-Скопје

Ќе има 45 павилјони и 80 штандови на кои ќе бидат изложени 2 000 производи. Посетителите ќе може да дегустираат, но и да купат слатко од капини, мармелади, џемови, ајвар, зимници, вино, ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, сирења, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, буковска пипер, сувомесни производи сушени на дрво, масла од тартуфи...

Повеќе од 300 мали производители на храна и пијалаци ќе ги презентираат своите производи подготвени по традиционални рецепти на вториот Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржува денеска во скопскиот Градски парк. Ќе има 45 павилјони и 80 штандови на кои ќе бидат изложени 2 000 производи. Посетителите ќе може да дегустираат, но и да купат слатко од капини, мармелади, џемови, ајвар, зимници, вино, ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, сирења, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, буковска пипер, сувомесни производи сушени на дрво, масла од тартуфи…

Најавени се и „гастро активности“ во чии рамки Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, ќе понудат мени со локални производи карактеристични за овој период, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност ќе демонстрира зошто си ја сака татковината.

„Вкуси ја традицијата“ ќе има и детско катче со едукативни анимации, „предавања“ за биодиверзитетот и за автохтоните семиња, а ќе се замеси и „лепчето на баба“.

На манифестацијата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка и Slow Food Macedonia, со поддршка од GIZ.

„Посетителите ќе можат на едно место да ги видат големиот број успешни приказни релизирани со подршката што ја даваме за малите производители, младите земјоделци и жените земјоделки“, наведува МЗШВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close