fbpx
ВестиМакедонија

Над 30 илјади граѓани веќе се пријавија на Vakcinacija.mk, регистрацијата не значи и термин за вакцинирање

Со пополнувањето на регистрацијата, граѓаните искажуваат само интерес за вакцинација.

Апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 ја пополниле околу 30.000 граѓани. Ова синоќа во телевизиско гостување го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека 20 отсто од дијагностицираните случаи во изминатите денови имаат британска мутација на вирусот. Посочи дека засега нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки.

– Шеесет до седумдесет отсто вакцинирано население може да ја смени сликата на пандемијата. Секаде во светот, во навистина многу малку земји со исклучоци, вакцините не пристигнуваат ниту со посакуваната, ниту со потребната брзина. Сепак станува збор за еден нов продукт, за почеток на производство. Буквално сите земји се соочуваат со истиот проблем и со истиот предизвик, потенцира Филипче и најави дека следната недела ќе биде потпишан драфт договор со компанијата „Фајзер“.

Веб-страница „Vakcinacija.mk“ завчера беше пуштена во употреба и преку неа граѓаните може да се пријават дека сакаат да се вакцинираат. Секој граѓанин кој ќе ја пополни апликацијата, се регистрира во електронскиот систем „Мој Термин“, а матичниот лекар ќе може да го види податокот за пациентот.

– Вакцинацијата против коронавирусот ќе се спроведува исклучиво преку предвидениот план кој е изготвен во Националниот план за имунизација на населението во Северна Македонија. Процесот на вакцинирање на граѓаните ќе се одвива во три фази по приоритетни групи. Согласно распоредот предвиден во планот, матичниот лекар ќе ги повика и информира граѓаните за точниот датум и часот кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата, соопшти Министерството за здравство.https://nezavisen.mk/nad-30-iljadi-gragjani-vekje-se-prijavija-na-vakcinacija-mk-registracijata-ne-znachi-i-termin-za-vakciniranje/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close