fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Најавените протести на „битолските млекари“ за Хоџа се политички

Со ребалансот на Буџетот ќе се исплатат сите субвенции за сточарството, истакна Хоџа.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа вчера  уште еднаш повтори дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени сите субвенции за сточарството.

За најавениот протест на сточарите во петок, Хоџа оцени дека се работи за група луѓе кои се злоупотребени политички.

-Кога се генерализира „битолските млекари“, треба да се каже дека се работи за одредена група која постојано се злоупотребува политички. Сум се видел со луѓето и немам намера да одговарам на таквите прозивки. Во делот на сточарството сум имал средби со Сојузот на сточари, а сум во постојана комуникација со нив и следната недела ќе има јавна дебата за Законот за пасишта. Со ребалансот на Буџетот ќе се исплатат сите субвенции за сточарството, истакна Хоџа.

Сточари од здружението „Пелагониско поле“ викендов излегоа на предупредувачки протест зашто не биле исполенти владините ветувања за исплата на субвенциите до крајот на јуни. Тие најавија блокирање на главните сообраќајници низ државата ако до петок не добијат гаранции дека ќе им се исплатат субвенциите за 25 месеци.

Министерот Хоџа и  претходно, на Денот на задругите, од Преспа порача дека субвенциите за сточарите ќе бидат исплатени со ребалансот на Буџетот.

https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=420072

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close