вестиВкусот на традицијатаТоп вести

Најздрави намирници на планетата

 

  1. Кромид

Одличен е во борбата против разни болести и наводно може да спречи развој на голем број бактерии. Кромидот содржи многу корисни материи, а најважни лековити супстанции се алицин и гликозид. Има антибактериско дејство и традиционалната медицина обично го препорачува за третман за лечење  кашлица.

  1. Брокула

Една мала порција  од брокула содржи повеќе од потребната дневна доза на витамин К, што е исклучително важно за градење и зачувување на коските. Еднаква количина брокула може да спречи развој на разни малигни заболувања.

  1. Компири

Еден црвен компир содржи 66 микрограми фолна киселина (витамин Б група), која е неопходна за развој и раст на децата. Еден сладок компир е полн со витамин А, кој е одговорен за зајакнување на имунитетот.

se prodavaat orevi

  1. Ореви

Содржат најмногу омега-3 масни киселини, кои го намалуваат холестеролот, го подобруваат расположението и се борат против развој на малигни заболувања.

bugarija zaprela pratki na turskite limoni i piperki so pesticidi turskoto ovoshje i zelenchuk se ispravni

  1. Лимон

Еден лимон содржи повеќе од препорачаната дневна доза на витамин Ц, кој му помага на организмот во борбата против воспаленија, ги зајакнува коските и го одржува здравиот холестерол. Цитрусните флавоноиди во лимонот можат да го спречат развојот на клетките на ракот.

borovinki

  1. Боровинка

Ова овошје е богато со растителни влакна, одличен антиоксиданс е исклучително корисно за зајакнување на крвните садови. Боровинките се исто така одличен извор на витамин Ц, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо.

  1. Спанаќ

Најголемата придобивка од спанаќот е количината на витамини и минерали: тој е богат извор на фолна киселина (49% од препорачаната дневна доза по оброк), витамини А, Б, Ц, Е, железо, манган и калиум.

  1. Авокадо

Според некои студии авокадото  го намалува холестеролот дури за 22%. Авокадото содржи и големи количини на калиум, кој помага во намалување на крвниот притисок, а според американскиот Национален институт за срце, бели дробови и крв, еден од најдобрите начини за контрола на високиот крвен притисок е да се консумира доволно калиум.

  1. Печурки

Вкусна месна храна што може да биде одлична нискокалорична замена за црвено месо. Габите го регулираат нивото на естроген кај жените и штитат од рак на дојка.

Извор: Агромедиа

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close