fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Наутро сончево, попладне пороен дожд

Температурите ќе се движат во интервал од 5 до 25 Целзиусови степени.

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Температурите ќе се движат во интервал од 5 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Темепратурите ќе се бидат од 10 до 24 Целзиусови степени.

Утре не очекува облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, а во југоисточните делови и пообилни над 25 л/24часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close