fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нема доволно градинарски производи и грозје, се откупува што ќе се најде

Црното трпезно грозје го откупувам директно од лозјата по цена од 50 денари за килограм, а белото од 35 до 40 денари. И доматите и краставиците исто така држат цена. Тие се откупуваат по цена од 50 денари за килограм, но нема доволно производство. Намаленото производство се должи на лошите временски услови, но и на намалените површини и доколку и наредните сезони продолжи ваквиот тренд ќе се соочиме со недостиг од производство, смета трговецот Благој Витанов.

Трговците и извозниците од струмичкиот регион бараат килограм повеќе градинарски производи и грозје за да можат да ги исполнат договорните обврски кон странските партнери. Велат дека буквално откупуваат од нивите и лозовите насади и тоа по цени кои се многу повисоки во споредба со повеќе години од порано. Според експертите климатските промени со студен период во фазата на расадување и екстремно високите температури и сушата во периодот на зреење влијаат на квантитетот, но и на квалитетот на производството.

„Црното трпезно грозје го откупувам директно од лозјата по цена од 50 денари за килограм, а белото од 35 до 40 денари. И доматите и краставиците исто така држат цена. Тие се откупуваат по цена од 50 денари за килограм, но нема доволно производство. Намаленото производство се должи на лошите временски услови, но и на намалените површини и доколку и наредните сезони продолжи ваквиот тренд ќе се соочиме со недостиг од производство, смета трговецот Благој Витанов.

Тој вели дека црвената пиперка од под пластеницитге се откупува 30 денари за килограм, а пиперката за индустриска преработка по цена од 20 денари. Праските држат цена од 50 денари, а сливата „стенли” се откупува за 18 денари за килограм. Лубениците се по цена од 6 денари за килограм.

„Екстремните временски услови, посебно сушата и во период кога три месеци нема врнежи, растенијата немаат услови да добиваат доволно вода за да ги транспортираат хранливите материи и затоа покрај намалувањето на производството, се соочуваме и со неквалитетно производство“, вели д-р Ристо Вучков, експерт за заштита на растенијата.

Градинарското производство од струмичко годинава се извезува на пазарите во Русија, Украина, поранешните југословенски пазари и во некои земји членки на ЕУ.https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/nema-dovolno-gradinarski-proizvodi-i-grozje-se-otkupuva-shto-kje-se-najde

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close