fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

НАЈНОВА ВЕСТ -Заврши собраниската расправа за Информацијата за тутунот за реколтата 2020-2021

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски попладнево рече дека задоцнета е дебатата во однос на оваа точка која е поднесена на 27 декември минатата година. 

Пратеници попладнево го завршија претресот по Информацијата за состојбата на тутунот од реколта 2020-2021 заклучно до 21.12.2020 година, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски попладнево рече дека задоцнета е дебатата во однос на оваа точка која е поднесена на 27 декември минатата година. Мицевски ги повика пратениците од власта кога ќе бидат поднесени вакви точки за нив да се расправа веднаш.

– Сега разгледуваме нешто што требало да го разгледаме предходно и да ја предвидиме оваа проблематика, рече тој, во реплика на Фазли Бедри од ДУИ, кој зборуваше и за откупот на тутнот и за состојбите во лозаро-препработувачката сектор. Мицевски рече дека опозициската партија има поднесено информација и за оваа индустрија и тоа во септември, но дека сега е непотребно да се дебатира за неа бидејќи земјоделците се на праг на нова сезона.

-Знаете каде е проблемот? Кога зборуваме за поддршка на земјодеците и дека младите се помалку сакаат да работат во земјоделскиот сектор, проблемот е до Владата бидејќи во скоро време очекуваме да се донесе закон за отуѓуваме на земјоделското земјиште, рече Мицевски додавајќи дека друг проблем е зелената нафта, за што се даваат ваучери но тие не ги покриваат секојдневните потреби на земјоделците.

Диме Велковски, од СДСМ побара одговори од неговиот колега од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески, кој обвини дека има многу мал откуп на тутунот, дека тутун се увезува во земјата, како и дека нема субвенции за сите земоделци.

Велковски кажа дека до 28 февруари биле откупени 25.500 килограми тутун, а дека субвенции земаат сите зејоделци кои имаат договори со откупните центри.

Според Ристески, компанијата која увезувала тутун „Вирџинија“ се вика „Студенец“ и е блиска до роднина на висок функционер на СДСМ.

Претходно, во денешната расправа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Димовски истакна дека овој откуп е „еден од најкатастрофалните досега“ и покрај, како што рече, сите предупредувања и најдобра намера која ја имаа  пратениците предлагачи на информацијата од опозицијата се со цел да им се помогне на тутунопроизводителите.

– Процесот и подготовките за организиран откуп лошо започнаа, а организиран откуп воопшто и немаше, оцени Димовски.

Тој смета дека бил направен лош почеток со катастрофален избор на социјално-економскиот партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи било избрано здружение на земјоделци кое, според него, не е навлезено во проблематиката на оваа материја и во делот на преговорите за селекција и избор на мострите. Според него, мострите се клучен фактор од кој почнал „катастрофалниот откуп на тутунот“.

Димовски смета дека имало неколку пропусти, како нереално големата доверба која институциите ја имаат кон откупувачките компании, како и во раниот или предвремениот откуп на тутунот.

Кастриот Реџепи од Движењето Беса рече дека е добро на седницата да има претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ќе даде исказ или пак да присуствува ресорниот министер. Тој побара пауза, но претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека нема право да побара пауза, бидејќи немаат парламентарна група и тоа можат да го побараат само координаторите на парламентарните групи.

Во претпладневниот дел од расправата пратениците од опозицијата укажаа дека и покрај тоа што тутунот е стратегиска индустриско-земјоделска култура и има особено значење за нашата држава и за земјоделството, „им се прави голема неправда на тутунопроизводителите“, посочувајќи дека околу 140 илјади лица својата егзистенција ја наоѓаат во производство на тутун.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, апелираа да не се користи маката на тутунопроизводителите, да не се манипулира со нив и да не ги лажат за да се добијат политички поени. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за земјоделците и оти „не ја познаваат нивната мака“.

Партениците денеска го разгледаа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање и констатираа дека тој е прифатлив и може да се даде на натамошно, второ читање, а изјаснувањето по него ќе се одржи кога ќе се создадат услови за тоа.

Џафери информира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, кој беше предложен, по скратена постапка е повлечен.

Во 16:30 часот треба да продолжи 25. седница.https://nezavisen.mk/zavrshi-sobraniskata-rasprava-za-informacijata-za-tutunot-za-rekoltata-2020-2021/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close