fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

НФФ: Купувајте домашни земјоделски производи www.efarm.mk

Ајвар, мармалади, сокови, маџун и сирење, одгледани во еколошки здрава средина, се само дел од достапната палета производи.

Националната федерација на фармери (НФФ) информира дека потрошувачите веќе имаат можност директно, онлајн, да порачуваат земјоделски производи и преработки преку платформата www. efarm. mk.

Ајвар, мармалади, сокови, маџун и сирење, одгледани во еколошки здрава средина, се само дел од достапната палета производи.

Со купувањето на овие производи, нагласува НФФ, освен што се поддржуваат домашните производители, се помага и развојот на руралните подрачја и засилуваат социјалниот и економскиот аспект на заедницата.

Платформата е достапна на македонски, англиски и албански јазик. Содржи информации за земјоделските производители и нивните производи, за нивни автентични фотографии и контакти.

Креирана е од НФФ и надградена преку проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

-На домашното земјоделско производство може најмногу да му се верува. Треба да си го зачуваме и да ја зголемиме неговата продажба.

Во моментот на платформата има 153 земјоделки и земјоделци кои ги промовираат своите производи, квалитетни и одгледувани во еколошки здрава средина.

Сега, со само еден клик сте веќе на местото кое го барате, стапувате во контакт со земјоделецот и за кусо време или лично си ги купувате производите или ви ги испраќаат преку превоз до дома. На www.

efarm. mk ќе најдете ајвар, мармалади, сокови, маџун, сирење и други земјоделски производи и преработки од вредните раце на нашите земјоделки и земјоделци, наведува Федерацијата.  Според НФФ, www.

efarm. mk е дел од кампањата на Националната федерација на фармери „Купувајте домашни земјоделски производи”.

Проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамки на проектот „Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II)“ чија цел е да ги зголеми пазарните релации за руралното население со особен акцент на лицата со посебни потреби, руралните жени и другите ранливи групи за да им се обезбедат можности за создавање нови или дополнителни работни места, како и можности за зголемување на нивните приходи.

НФФ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close