Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ПЕТРЕ СТОЈКОСКИ ПРЕДЛАГА -протестот на тутунарите да се одложи!!!

Од Сојузот на земјоделски здруженија и од Асоцијацијата на земјоделци повикаа утрешниот штрајк на тутунарите со блокада на патот Прилеп-Скопје да се ставел во мирување затоа што проблемите, според нив, ќе се решеле за брзо.

„Ние претходно кажавме дека ќе го поддржиме штрајкот доколку има потреба, но во овој случај мислам дека вчерашната одлука на Собранието е значајна за нас како тутунопроизводители и предлагам штрајкот да се одложи затоа што на повидок е решение за дооткуп на тутунот“, потенцираше Петре Стојкоски од Ацоцијацијата на земјоделци.
„Јас ги повикувам тутунарите на трпение затоа што во најскоро време ситуацијата сигурно ќе биде решена“, додаде Злате Даноски од здружението „Мице Козар“.
Инаку за утре неколку тутунарски здруженија кои беа дел од Иницијативниот одбор кој ги започна протестите на тутунарите оваа година, закажаа повторно протести со блокада на патот Прилеп-Скопје од 12 до 14 часот, поради неоткупениот вишок на тутун ии другите проблеми кои моментално постојат во оваа гранка.
Дарко Штаргоски за Зелена берза
May be an image of 1 лице и внатре
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close