fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски денеска го порибуваше Стрежевско езеро

Ги порибуваме водите на Акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка.

Ги порибуваме водите на Акумулацијата Стрежево со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка. Како министерство водиме посебна грижа за одржување на рибниот фонд, но и правиме значајни чекори напред преку усогласување на нашето законодавство со законодавството на ЕУ за континуирано унапредување на рибарството и аквакултурата.
Од големо значење за жителите на овој регион е Хидросистемот Стрежево, кои има капацитет за наводнување на околу 20.000 хектари обработливо земјоделско земјиште, се произведува електрична енергија од 5 мали хидроцентрали, и се снабдува со вода градот Битола и околните населени места. Го развиваме рибарството и акватуризмот, се грижиме за животната средина и биодиверзитетот, и ја подобруваме климата и условите за живот на граѓаните од Битола и регионот, објави министерот Љупчо Николовски на ФБ .
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close