Николовски: Го приближуваме египетскиот пазар за македонските земјоделски производи

ljupco

На денешната работна средба со министерот за земјоделство и мелиорации на Владата на Арапската Република Египет, Abd El-Moneim EL- Banna, во амбасадата на Египет во Берлин, разговаравме за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи помеѓу Република Македонија и Египет.
Египет како држава претставува одлична можност за извоз на македонските земјоделски производи, поради што со египетскиот министер се договоривме македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, да подготви листа со земјоделски производи кои би можеле да се извезуваат и за кои има интерес во Египет.
Од министерот на Египет, добивме уверување дека откако ќе ја разгледаат листата со македонски земјоделски производи, со цел да се олесни трговската размена, ќе работат на намалување на сегашните високи царински стапки за македонски извозници на земјоделски производи.


 

бриф.мк

Share Button