Николовски: Поддршката за набавка на приплоден добиток ја зголемуваме на 90 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Прилеп одржа работен состанок со одгледувачите на говеда, каде ги презентираше мерките од годинешните Програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Особено тука би ја потенцирал мерката за приплоден добиток, којашто оваа година ја зголемуваме за неколку пати. Минатата година имавме предвидено околу 14 милиони денари, оваа година со Програмата за рурален развој, којашто ја донесовме оваа година, оваа мерка за набавка на приплоден добиток, преку којашто го обновуваме генетскиот потенцијал, ја зголемуваме продуктивноста, ја зголемуваме на 90 милиони денари, односно 1,5 милиони евра се предвидени за токму оваа мерка, набавка на добиток“, изјави Николовски.

По барање на фармерите и за нивна поголема сигурност, за мерката за набвка на приплоден добиток, оваа година фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Платежната агенција, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата.

Во новата Програма за директни плаќања, и годинава одгледувачите на говеда со развоен потеницијал ќе добијат за 10 отсто повисоки субвенции. Со цел да се поттикне интересот за премин на посериозните фармери во повисока категорија, се зголемува прагот, односно оваа зголемена субвенција ќе важи за сточарите кои имаат од 10 до 50 грла говеда, а не како лани од 5 до 20 грла. Во оваа категорија спаѓаат 24% од вкупниот број на одгледувачи на говеда и 42 отсто од добиточниот фонд.

Исто така, остануваат субвенциите по другите основи, како 30 отсто повисоки субвенции за зголемен пријавен број на грла во основно стадо, за органско производство, за производство на говедско месо, за заклани и предадени говеда во кланици, за буши и друго.

Освен националните програми, особено за развојот на сточарството/говедарството се и мерките од ИПАРД. На повикот за  Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ кој што заврши на 9-ти овој месец досега се пристигнати рекордни над 800 барања, и се уште пристигнуваат. Оваа мерка нуди инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство и друго.

 


 

faktor

Share Button