Вести
Нови методи за заштита од инсекти
Преспанските овоштари пред имплементација на методата на збунување, најдобрата еколошка агротехничка мерка. Оваа метода е истражувачки проект кој треба да го намали обемот на користењето на пестицидите преку биолошко уништување на инсектите. Истовремено ќе придонесе за еколошко производство и заштита на човековата околина.
Методата која за прв пат е применета во Северна Америка, сега наголемо се користи во европското земјоделие. Кај нас веќе неколку години е само во рамките на опитниот ресенски центар. Експертите ги анализираат ефектите.