Агро бизнисВестиТоп вести

Од нашите ниви – За два месецa сме извезле 11 милиони килограми домати, 2,5 милиони краставици…

Иако сум откупувач, кажувам дека пиперката се продава по многу ниска цена. Да работиш сега во пластеник на оваа температура и да добиеш 25 денари е катастрофа. Но цената ја одредува понудата и побарувачката, вели Блажо Витанов од компанијата „Император фрут“

Иако земјоделците знаат да кажат дека албанските домати и краставици ја уриваат нашата цена, податоците што ги доби „Слободен печат“ од Царинската управа покажуваат дека ние имаме значајно поголем извоз од увоз. Само во јуни и во јули се извезени 2,5 милиони килограми краставици и корнишони, а се увезени 280.000 килограми. Извозот на доматите е уште поголем – за два месецa 11 милиони килограми домати, за разлика од увозот што бил 700.000 килограми.

Извозот на краставиците во овие два месеца донел девизен прилив од 2,2 милиони евра, а на доматите речиси 7 милиони евра. За увезените краставици сме платиле 274.000 евра, а за увезените домати – околу 370.000 евра. Овие податоци откриваат и дека просечната цена на извезените краставици е 55,5 денари, а на увезените е 60 денари. За доматите – просечната цена за извезените е 39 денари, а за увезените е 33 денари.

Блажо Витанов од компанијата за дистрибуција, откуп, увоз и извоз на свежо и смрзнато овошје и зеленчук „Император фрут“, вели дека во моментов нема извоз на домати затоа што нема доволно количини.

– Кога се правеше извозот, доматот одеше на нашите традиционални пазари, а тоа се Србија, Црна Гора и Бугарија. Таму обично оди 70 до 80 проценти од извозот на домати. Корнишоните главно одат во домашната конзервна индустрија. Сега прва класа се откупува по 65 денари за килограм, втора за 30 и трета за 20 денари за килограм. Нешто краставици сега се извезуваат за Австрија и за Германија – објаснува Витанов во „Слободен печат“.

Во моментов „Император фрут“ откупува и црвена пиперка. Прва класа е 40 денари, втора 35, а трета, или индустриска – 25 денари за килограм. Црвената пиперка се извезува за Бугарија, Хрватска, Чешка, Германија, Полска.

– Иако сум откупувач, кажувам дека пиперката се продава по многу ниска цена. Да работиш сега во пластеник на оваа температура и да добиеш 25 денари е катастрофа. Ова не се пиперки што се произведуваат на отворено, туку се од пластеници. Но, цената ја одредува понудата и побарувачката – вели Витанов.

Преземено од „Слободен печат“

Поврзани новости

Back to top button
casibom   betcio   jojobet   jojobet   jojobet   jojobet