вести

Од невремето штети на земјоделските посеви од 13,2 милиони денари во Гевгелиско

Невремето кое кон крајот на април оваа година зафати неколку населени места во општина Гевгелија, предизвикало штети на земјоделските посеви од 13,2 милиони денари, се констатира во Елаборатот на комисијата за проценка на штети кој беше усвоен денеска на седница од општинскиот Совет.

od nevremeto shteti na zemjodelskite posevi od 13,2 milioni denari vo gevgelisko

 

Поројниот дожд проследен со град предизвикал најмногу оштетувања на земјоделските посеви и тоа од 20 до 80 отсто на површина од 85 хектари во Негорци, Прдејци, Милетково и Габрово, но и на лозовите и овошни насади, како и на житните култури.

Во Елаборатот на општинската комисија се констатира дека најголеми штети од невремето претрпеле земјоделците од село Прдејци каде била зафатена површина од 60 хектари.

Советот на општина Гевгелија заклучи Елаборатот да се достави до Републичката комисија за проценка на штети од елементарни непогоди за понатамошно постапување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close