fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Од „Славишко поле“ ќе се наводнуваат нови 200 хектари обработливо земјиште во Ранковце и Крива Паланка

Постоечкиот систем за наводнување беше нефункционален, со минимален капацитет за наводнување од само 40 хектари. Сега со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци.

Системот за наводнување „Славишко поле“ е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од близу 1,8 милиони евра, како дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, чија што вкупна вредност изнесува околу 10 милиони евра.

Со овој систем земјоделците од регионот на Ранковце и Крива Паланка добиваат организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците од регионот. Постоечкиот систем за наводнување беше нефункционален, со минимален капацитет за наводнување од само 40 хектари. Сега со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци.Системот е проектиран да работи под притисок, со што ќе овозможи користење на прскалки или системи за наводнување капка по капка, со што се постигнува висока ефикасност на наводнувањето. Нема да има загуби на вода што е од исклучително значење заради заштита на животната средина и сѐ поголемите влијанија на климатските промени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close