fbpx
ВестиТоп вести

Пред петлите да запеат почнува денот на жената земјоделец

 

Панда Талевска од битолското село Долно Оризари има 69 години, таа веќе четири децении се занимава со земјоделие и произведува храна. Пред неколку години трабало да се пензионира, а таа избрала да работи.

 

Жената земјоделец е од витално значење за производството на храна  во светот, па и кај нас. Многу жени работат како земјоделци, мали претприемачи, како наемни работници или работници на плата. Жената е рамо до рамо со нејзиниот сопруг во обработката на земјата и производството на храна, но за жал добива многу малку признание за тоа. Многу жени во нашата држава кои се занимаваат со земјоделие или се недоволно платени или пак воопшто не се платени за работата која што ја вршат. Но едно е јасно дека жените секогаш се битен  дел од земјоделството кои значително придонесуваат за подобрување на условите и целокупната состојба во македонскиот аграр.

Панда Талевска од битолското село Долно Оризари  има 69 години, таа веќе четири децении се занимава со земјоделие и произведува храна. Иако како што вели требало пред неколку години да се пензионира сепак таа одбрала да работи- „пензија немам, до кога ќе можам ќе работат, така е со земјоделието“ вели таа.

Талевска со нејзиното семејството обработува десет погони сопствена земја, покрај тоа што прозведуваат пченка и пченица фокусирани  се и на бавчите со зеленчук  и градинарски  култури.

-Произведувам  пченка, пченица, ама и спанаќ, пиперки, домати, зелка  други  градинарски култури. Со земјоделие се занимавам од млада и го работам само тоа, не знам што е државна работа, со насмевка, пријателски вели Талевска.

Таа  е едно од препознатливите лица на битолскиот Зелен пазар. Веќе три децении своите  производи ги продава на една иста локации и заради квалитетот и довербата кон неа таа има редовни муштерии. Со насмевка и со убав збор ги привлекува пазарџиите покажувајќи им неуморно каков квалитет нуди, колку се свежи нејзините салатки, кокарчето, лукчето и каква ли само боја и квалитет има нејзиниот спанаќ.

Но, за да се постигне се’ во денот  како што вели Панда со работни обврски започнува пред петлите да запеат. А завршува…

-Денот ми почнува во три часот рано, рано наутро. Станувам, ги ставам алиштата да се сушат, ги работам домашните работи  пред петлите да запеат, па ќе се дотерам и околу 6 часот сум на пазар. Ги чекам првите муштерии, и така се до попладнето додека не ја продадам целата стока. Имам сопруг, два сина, снаите и пет внуци, тоа е мојата фамилија и работам за да однесам дома. Сите работиме земјоделие, еве моите внуци навечер го берат зеленчукот , го мијат и ми го подготуваат за продажба. Имам редовни муштерии и очекуваат од мене квалитетна стока. А јас, знам како со муштериите, понекогаш ќе ја попуштам цената и така се разбираме, раскажува таа.

Панда не е исклучок и таа како и многу други жени кои се занимаваат со земјоделство е пред се домаќинка врз чии грб тежат уште еден куп други домашни обрски.

-Тешко е да си и домаќинка и земјоделец. Кога ќе си одам дома ме чекаат домашните работи. Се случува и кафе да не се напијам. Така беше вчера, само што се вратив садев цвеќиња во дворот, вели таа, но повторно со позитивна енергија додава дека се мора да се сработи, па дури и да им се помогне на соседите-„вечер ќе садам тутун кај соседите, зошто и тие ми помагаат. Сам човек секаде не стасува, затоа се семејството и пријателите“ вели нашата соговороничка.

На жените што се занимаваат со земјоделие им порачува да си го ценат трудот и да не работата како што вели „ко вол за слама“.

-Жените земјоделци да работат и да не се срамат од работата, ама тоа да им се исплати, да знаат како да си го наплатат, да се ценат и да не дозволат некој да им го потцени трудот, зошто тие се и мајки и сопруги и домаќинки и земјоделки, велиТалевска.

 

Анета Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close