![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/429676982_949724026721361_6854109979643819398_n_800x532-780x470.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски во посета на „Овчеполка“
Лани 15 000 ха плодна земја остана ненаводнета што донесе огромни штети и за земјоделците и за почвата.
Денеска сум во посета на „Овчеполка“, фабрика за сточна храна лоцирана во Свети Николе, објави Цветан Трипуновски заменик министер.
Овчеполка ја посетив во 2020 година и можам да кажам дека за овие 4 години состојбата е далеку полоша. Тие се соочуваат со низа проблеми во работењето и потребна е константна поддршка во секторот земјоделство. Знаејќи дека ланската година беше со изразена суша, а системот за наводнување е руиниран и нефункционален, следствено на тоа и приносот беше намален. Лани 15 000 ха плодна земја остана ненаводнета што донесе огромни штети и за земјоделците и за почвата.