Опожарена фабриката „Ником“ во Кавадарци
Засега нема детали за пожарот и последиците од него.
Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.
За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари, а на терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Засега нема детали за пожарот и последиците од него.